Николоски вели дека идејата која ја промовираат Али Ахмети и Артан Груби е идеја со која вечно сакаат да владеат.
„Јас сум свесен дека Али Ахмети и Артан Груби кои ја промовираа оваа идеја би сакале вечно да владеат на начин што ќе имаат сериозно партиско влијание врз изборот на владата и претседателот на државата и тоа е недемократски чин и тоа е обид за заштита на криминалот и корупцијата во Македонија“, вели Николоски.
Тој упати повик до граѓаните масовно да излезат на избори и во што поголем број да гласаат.
„Во исто време ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат во што поголем број како би ги спречиле Али Ахмети и Артан Груби да наметнуваат уцени во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат, а нов претседател на Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова“, дециден е Николоски.