Вицепремиерот Николоски особено потенцирал дека постои огромна можност за зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Хрватска.
Тој информирал дека Владата ја започна најголемата инвестицона активност досега во модернизација на инфраструктурата со посебен фокус на коридорите 8 и 10, кои претставуваат дел од европските транспортни мрежи.
На средбата се разговарало и за актуелните политички прашања во земјата и регионот со акцент на реформските процеси што се спроведуваат, а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговарало и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.
Вицепремиерот Николоски упатил благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон членството во Европската Унија, притоа двајцата говорници се согласија дека билатерналните односи ќе продолжат да се оддржуваат со одлично ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателството меѓу двете земји.