Вака одговори министерот за транспорт Александар Николоски, на новинарско прашање, дали Владата ќе им излезе во пресрет на жителите од гостиварско Здуње, кои бараат трасата на Коридор 8 да не минува преку тамошните гробишта.
„Во однос на коридор 8, таму изведувач е конзорциумот Бехтел и Енка. Согласно законите такви какви што се донесени од претходната влада, и надлежностите се целосно нивни. Тие го прават проектирањето и тие го прават трасирањето. Она што можам да кажам е дека ќе поразговараме со нив. Ние правиме неделни состаноци и ветувам дека ќе разговараме. Веќе еднаш сме разговарале, имаше слични проблеми и на други места, и ќе направиме сè проблемот да се реши. Но треба да се свесни граѓаните дека заради законите на претходната влада, нашите надлежности се во рамки на тоа – буквално да замолиме, а не нешто да спроведеме, или наредиме“, истакна Николоски на денешната прес-конференцијата во Владата на новинарски прашања.
На прашање кога ќе се овозможи повторно железнички транспорт до Солун, по дефектот на пругата кај Поликастро, Николоски рече дека според одговорот од грчките власти тоа ќе биде за две недели од денес.