Министерот најави дел од плановите за иднина.
„Наша заедничка амбиција е во следниот период овие јас ги нарекувам градски возови бидејќи се работи за дистанци кои не се големи, да пуштиме градски возови до Тетово и до Гостивар. Секако амбиција е да се врати целата линија до Кичево, а понатаму до Штип и до Кочани. Тоа е следната амбиција за која се надевам за брзо ќе ве поканиме тука“, истакна Николоски на железничката станица во Скопје.
„Благодарение на работниците во Македонски железници Транспорт на македонските пруги во моментов има 14 возови и локомотиви кои сообраќаат.