четврток, 26 декември 2024

Николоски: Обвинителството треба да го истражи криминалот на автопатот Скопје-Блаце

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски, во интервју за ТВ Алсат рече дека поранешниот прв човек на претпријатието „Државни патишта“, кадар на ДУИ, во соработка со други владини структури, преку проектот за автопатот Скопје-Блаце „сакал само да има материјална корист“. Обвинителството треба да го истражи наводниот криминал во изведбата на оваа автопатска делница, рече Николоски

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека трасата на оваа делница била менувана трипати, поради што се променила и цената. Николоски потенцираше дека компанијата „Суец“ го известила претпријатието ЈП државни патишта дека проектот со тунелите е промашен и начинот на кој се проектирани тунелите не може да се реализира во пракса бидејќи е спротивно на европските стандарди и ЕУ нема да го прифати овој пат како автопат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ