вторник, 25 февруари 2025

Николоски објави анимации како по реконструкцијата ќе изгледаат скопската Градска болница и охридскиот аеродром

Министерот за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави анимации како ќе изгледаат денеска најавените реконструкции на објектите на Градската болница „8 Септември“ и на охритскиот аеродром „Свети Павле“.

Објавено на

часот

Сподели

За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда, вели министерот Николоски.

„Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2.000 м2 на двете нивоа“, посочи тој.

За реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“ Николоски напиша дека болницата ќе добие нови седум операциони сали , нови лаборатории, адаптирани нови простории во интерес на пациентите.
Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција на простор од преку 3000 м2, напиша Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ