„Стево Пендаровски е тој што ги злоупотребува институциите кој што се под него за нелегално да го следат ВМРО-ДПМНЕ, за да прават спинови и монтажи на ВМРО-ДПМНЕ. И најбитното, кампањата на Стево Пендаровски е финансирана од крадени пари и тој многу добро тоа го знае и за тоа ќе одговара, најпрво со вашиот глас, а после тоа и со работата на институциите“, рече Николоски.
Пред присутните, Николоски истакна дека реалноста денес во Македонија е тажна и дека таа ја знаат сите и ја чувствуваме во сите населени места во општина Демир Капија, нивите остануваат празни, земјата се пусти, куќите се затворени, а луѓето си одат.
„Повеќе луѓе можете да видите од Демир Капија во Швајцарија, во Австрија, во Германија, отколку што можете да видите тука. Тоа е тажната реалност после седум години владеење на СДСМ и на ДУИ, после седум години владеење на СДСМ и на ДУИ, неколку мина се екстремно богати, а народот е осиромашен. Неколку мина не одговараат за ништо, а народот си оди, неколку мина ја кројат судбината на Македонија и ја обезличуваат, а народот е безнадежен. И затоа мораме да ставиме крај на оваа работа“, рече Николоски.
Тој уште кажа дека СДСМ ѝ дозволува на ДУИ да прави што сака со Македонија за тие да можат да продолжат да крадат.
„Еден од примерите за големиот криминал е недалеку од тука, каде што здружно и СДСМ и ДУИ крадеа на сметка на македонскиот народ. Тоа е ТЕЦ Неготино, каде се случи еден од најголемите криминали“, истакна Николоски повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат на 24 април и на 8 мај и да го дадат нивниот глас за ВМРО-ДПМНЕ.