Време е за поевтини цени и конкурентски услуги, напиша Николоски.
На 7 јули Николоски, министерот за транспорт, најави дека Владата сериозно ја разгледува можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, напиша на својот фејсбук профил Александар Николоски, министерот за транспорт.
„Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор.
Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните“, напиша тогаш Николоски на својот фејсбук-профил.