среда, 23 октомври 2024

Никола Поповски за изјавата на Сарацин: Секоја земја за својата територија си носи суверени одлуки

Сарацин, а и тие што му дале налог така да „верува“ малку повеќе си „дозволиле“. Требаше на време да мислат за „нивните“ коридори што биле „во надлежност на Брисел“, реагира на својот фејсбук-профил професорот Никола Поповски по изјавата на специјалниот пратеник на СР Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за тоа ека Македонија не можела сама да ги менува транспортните коридори.

Објавено на

часот

Сподели

Постот на Никола Поповски го пренесуваме во целост:

„Извесен специјален германски пратеник за Западен Балкан по име Мануел Сарацин изјавил (според медиумските известувања), дека „транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел“ и дека тој верува „дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика“. Веројатно е така за тие земји што самите си одлучуваат за тоа во Брисел. За оние што не се членки (како нас) и што со години ги „дриблаат“ како што самите си сакаат, не треба да „верува“ ни тој ни тие во Брисел дека „не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика“. Секоја земја за својата територија си носи свои суверени одлуки. А за тоа дека тој разбрал „дека Бугарија е збунета, но и загрижена“ во врска со тоа нека се праша зошто ние би ги следеле одлуките на некои институции на кои не припаѓаме, ниту во догледно време од 20+ години ќе припаѓаме. Сарацин, а и тие што му дале налог така да „верува“ малку повеќе си „дозволиле“. Требаше на време да мислат за „нивните“ коридори што биле „во надлежност на Брисел“!“, пишува професорот Никола Поповски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ