Српскиот кошаркар имаше учинок од 28 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Со тоа дојде до својот 138. трипл-дабл учинок во кариерата, исто колку што има и Меџик Џонсон. Пред Јокиќ сега се само Оскар Робертсон со 181 и Расел Вестбрук со 200.
Трипл-дабл учинокот на Јокиќ не му помогна на Денвер да дојде до победа. Клиперси го имаа расположениот Џејмс Харден кој со 39 поени, 11 асистенции и девет скокови го предводеше тимот до победа од 126-122.
Резултати:
Бруклин – Орландо 92-100
Мемфис – Индијана 136-121
Кливленд – Бостон 115-111
Њујорк – Њу Орлеанс 118-85
Торонто – Мајами 119-116
Хјустон – Оклахома 119-116
Јута – ЛА Лејкерс 104-105
Портланд – Далас 131-137
Сакраменто – Сан Антонио 125-127
ЛА Клиперс – Денвер 126-122