По повеќе од три години од трагичната смрт на овие двајца работници, судијката Цона Каламерникова од Основниот суд Струмица донесе одлука дека никој не е виновен за смртта на Мајсторовски и Станишков, ослободувајќи ги од обвинение петтемина обвинети лица кои работеле во рудникот Бучим во време кога се случи оваа трагедија.
Златка Денковска, законски застапник на семејствата на починатите лица за МКД.мк вели дека ваквата одлука е срамна бидејќи судот замижал на законските обврски кои рудникот Бучим ги имал и одговорноста ја префрла на Алпинистичкиот клуб.
„Одлуката на Основен суд Струмица со кој го ослободни од одговорност сите обвнети и правното лице, ја сметам за срамна од причина што судот замижа на законски одговрности и обврски кои ги има Рудникот Бучим како вршител на опасна дејност и целата одговоност на префрли на Аплиничкичниот клуб. Укажувам дека Алипнистичкиот клуб АК Плоча е здружение на спортисти чија цел е здужување на спортисти-алпинисти од рекреативен каракер, и со цел на афримација на алпинизмот. Овие лица имаат определени вештини за работа на висина и поради тоа биле ангажирани за чистење на силосите во Рудникот Бучим. Што значи дека овие лица биде ангажирани согласно договор на дело и обврската за превземање на работи за заштита и безбедност е на работодавачот, а тоа во конкретниот случај е Рудникот Бучим. Нејасно е како судот прифати дека одговорноста ја имаат сега покојните алпинисите, за дејност која се одвива во рудик и кој согласно природата на работата е опасна дејност која е регулирана со Законот за миснерални суровни и е потребно да се превземаат сите безбедносни мерки согласно Законот за заштита и безбедност при работа“, вели адвокатката Денковска за МКД.мк.
Инаку работата во еден рудник е опасна дејност, самиот процес е организиран со соодветни протоколи, и да пристапиш до рудаски обејкт прво поминуваш повеќе контроли, па нејано е како е одлучувањето на судот дека во случај алпинисите ја имале цел одговорност за мерки за безбедност.
Според неа, најголем аргумент против оваа одлука е самиот правен статус на Алпинистичкиот клуб, кој не е работодавач како што утврди судот, туку е здружение.
„Исто така и во супервештачењето беше кажано дека од страна на работодавачот Бучим имал законска обврска за утврди План за евакуација и спасување и по тој план требало да пристапи персонал обучен за спасување и прва помош, опремен со соодветна опрема за предвидена ситуација за спасување. Но, судот воопшто не го зема во предвид овој дел од вештачењето, туку мосамо изврши селективна оцена на доказите изведени во текот на првостепената псотапка. Неспорно е дека сега покојниот Зоран Мајсторски од само почеток упорно барал помош од надлежните, кои биле на сосотанок ос икслучени телефони и за жал биле препушени на помош од само двајца технички работници кои немале никаква обула за помош и евакуација. Вработените употребиле мал кран (монореј) да го извлечат сега покојниот Зоран Мајсторски, но за жал поради нессодветноста на употребениот крат се кине јажето и го губат Зоран Поради тоа сметам дека одлуката е срамна и се наведам дека по поднесена жалба од јавен обвинител Апелациониот суд ќе го разгледа темелно предметот и ќе ја поништи донесената одлука“, додава адвокатката Денковска.
Таа укажува дека во досегашната пракса работела на неколку случаи со повреди во рудници, но за жал никој не завршил во осудителна пресуда за одговорните, што е поразително.
„Во мојата досегашна пракса имам работено на неколку случаи со повреди во рудници, но за жал никогаш не завршувале со осудителна пресдуа за одговорните, кое е поразително и страшно. Едноставно повредените работници и фамилиите за задоволувале со оштетно побарување во граѓанска постапка, ни ниту едно одговорно лице во Рудник нема кривично одговарано. Доколку и се пребара судската пракса ќе се утврди дека нема објавено ниту една пресуда за одговорност на управител или раководител во рудник, а факт е дека има многу случај на повреди и смртни последици. Сметам дека вакавата пракса ги охрабрува раководните органи на рудниците да не ги почтуваат законските обврски кои ги имаат за да обезбедат соодветна заштита на работниците и на некој начин се заштитени како бели мечки“, дополнува нашата соговорничка.
Обвинителниот акт полн со докази и страшни детали за трагичниот настан
Во обвинението за овој настан обвинети се лицата Димитриј Кудриков и Олег Чусовитин од Русија, двајцата управители во рудникот, директорот на производство Живко Гоцев од Радовиш и останатите двајца управители Божин Митев исто така од Радовиш и Никола Стоименов од Штип. Меѓу нив е и ДПТУ Бучим. Обвинети се за кривичното дело тешки дела против општата сигурност и за предизвикување на општа опасност за кои кривични дека се предвидени затворски казни од три години, па нагоре. Сите пред судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за смртта на алпинистите.
Обвинетите, според актот, како одговорни лица во рудникот Бучим во Радовиш, воопшто не постапувале според техничките правила за заштита во работа со тоа што предизвикале опасност по здравјето за животот и телото на луѓето.
„Обвинетите Димитриј и Олег постапувајќи спротивно на Законот за минерални суровини, член 1 не преземале мерки за заштита при работа и безбедно извршување на работите во дел од рударските објекти, не обезбедиле технички надзор над изведувањето на рударските работи и преработка на минералните суровини според рударските проекти, техничките прописи и нормативи, како и според прописите за заштита при работа, безбедност и здравје, не обезбедиле упатства за работа со мерки за заштита при работа за применетиот технолошки процес за експлоатација и мерки за нормативно спроведување. Постапиле спротивно на Правилникот за мерки за спроведување на заштита при работа во Бучим, од член 108, каде најстрого се забранува влегување, доближување до млиновите кога истите се во работа. Во член 109 стои дека отстрнувањето на дефектите и чистењето може да се врши кога млиновите и флотациските машини се исклучени и не работат, постапувајќи спротивно на член 15 од ЗБЗР, без да назначат стручно лице за спроведување на мерките за безбедност при работа при извршување на задачи на чистење на висинските недостапни силоси. Постапиле и спротивно на член 17 од ЗБЗР без да обезбедат мерки за безбедност и здравје при работа осовено со донесување мерки за прво помош и евакуација во случај на опасност, постапувајќи спротивно и на член 31 алинеа 4 од истиот закон, според кој работодавачот мора на секој вработен да му обезбеди соодветни обуки за безбедност и здравје при работа во случај на секоја измена на работниот процес кој може да го промени нивото на безбедност и здравјето при работа“, пишува во обвинителниот акт.
Во продолжение стои дека обвинетите Живко, Божин и Никола постапиле спротивно на Правилникот за технички нормативи за подготвување на минерални суровини-руди на обоени мерали.
„Забрането е врзување со јажето на заштитниот појас на шини на железницата за рамка на транспортерот на истоварната колична и за друга опрема. Работата на бункерот мора да се одвива во присуство и постојана контрола на лицето одговорно за технички надзор. Пред почетокот на тековниот ремонт на опремата мора да се прекине работата на машините и механизмите, постапувајќи спротивно на Правилникот за мерки и нормативите за спроведува на заштита при работа во Бучим Радовиш. За поуспешно да се спроведат мерките и нормативите за заштита при работа надлежниот раководител на работната единица е должен да донесе посебни писмени упатства за сигурна работа кои може да бидат истакнати на видно место или со потпис да му се даде на работникот и согласно член 199 алинеа 2 од истиот Правилник-упатствата за сигурна работа треба да содржат мерки за заштита при работа, што неопходно мора да се преименуваат поради отстранување на опасностите и иако биле свесни дека поради таквите пропусти може да настане забранета последица, но се согласиле со нејзиното настапување и дозволиле во силосот да се спуштат лица за чистење. Се спуштиле со јаже врзано за рамка на транспортерот без да донесат посебни упатства за сигурна работа и обезбедат присуство на постојана контрола на лице одговорно за техничкиот надзор, без да го сопрат технолошкиот процес на ден 13 октомври 2021 година дозволиле во силос број 1 да се спуштат оштетените Мајсторовски Зоран, Станишков Драган и Борче Горгиев, сите од Радовиш, за извршување на работи на чистење во висинкси недостапните силоси, на силосот број 1 врзани со јаже на транспортер, а во хранилката 4006 се одвивал процесот на дробење на рудата, па оштетените биле повлечени во внатрешноста на силосот кон хранилката поради што кај Зоран и Драган дошло до задушување како резултат на исполнување на дишните патишта со прашкаста материја со кое е спречено и прекинала размената на гасови во белите дробови што предизвикало нарушување и престанок на функцијата и настапила смрт“, дополнето е во обвинителниот акт.
Јавниот обвинител Лидија Георгиева во завршен збор изјави преку одбраните на обвинетите се докажало дека во текот на 2021 година поради промена на рудата ископувана од Боров дол, почнала рудата да се лепи на зидовите од силосите, протокот на истата во хранилките била отежната, заради што бил даден налог во комерцијалната служба да се отпочне постапка за ангажирање на надворешна фирма. Тоа се случило во април 2021 година, за состојбата обвинетите знаеле, по што се склучил договор од месец мај 2021 со АК Плоча, чиј ангажирани работници требало да го вршат чистењето на силосите во РЕ Флотација во рудникот Бучим.
„На 02.09.2021 биле ангажирани лица од АК Плоча да ја вршат работата. Во оваа Понуда во вториот пасус стоело дека ‘заеднички со Ваша стручна и логистичка помош ги изведуваме работите, се забранува движење на местата каде што се изведуваат активностите исто така и пуштање во употреба на механизација е во заеднички договор’. Обвинетите наместо да обезбедат стручна помош и логистика дозволиле на 13.10.2021 година ангажираните Зоран Мајсторски, Драган Станишков и Борче Ѓоргиев, да отпочнат чистење на силосот бр.1. Тие ги врзале алпинистичките јажиња на транспортерот на горниот дел од силосот а во хранилката 4006 се одвивал флотацискиот процес. Чистењето работниците го вршеле со мотики и пикамери и додека тие работеле, обвинетите биле на состанок кој траел до 11 часот, после тоа обвинетиот Никола контактирал со Зоран, разговарале и го оставил со двајца вработени да по потреба на работниците им дават алати, вода и сл“, стои во завршиот збор на обвинителката.
Георгиева го опиша текот на настанот од моментот кога во 11,45 часот Зоран му се јавил на Живко и побарал помош од повеќе луѓе и времето кога ги давал налозите за исклучување и повторно вклучување на 6-ката, која му ги повлекла нозете. Преку паничната и хаотична состојба што се одвивала во рудникот на 13.10.2021 година, можело единствено да се заклучи дека меѓу сите вработени вклучително и обвинетите, се случило нешто за кое не биле спремни. Согласно ЗМС (Закон за минерални суровини), во новонастанатата состојба кога се јавила потреба за чистење на силоси, каква што претходно немало, Бучим требало да ги ажурираат интерните акти во однос на процесот на работа и заштита на вработените бидејки силосите спаѓаат во категоријата на рударски објекти и рударска инфраструктура.
Доказите, според обвинителката укажуваат дека обвинетите го сториле делото, дека обвинетите биле свесни за законските обврски наведени во обвинението, се утврдило од нивните одбрани во кој јасно кажале дека на ангажираните аппинисти усно им кажале и објасниле што да работат, но очигледно постапувајки со евентуална умисла, бидејки биле свесни за сите ризици но не превзеле ништо за заштита од истите, се согласиле со нивното настапување.
„Не случајно алпинистите барале стручна и логистичка помош од Бучим, но таква не им била обезбедена. Сето тоа детално било објаснето во вештачењето на Атанас Кочов, како и во Извештајот на техничката инспекција. Преку обдукциоскиот протокол докажале дека смртта на Зоран и Драган настанала поради задушување како резултат на исполнување на дишните патишта со прашкаста материја а дека причината за смртта е во причинско последична врска со направените пропусти од обвинетите се докажало од исказот на сведокот Димитар кој јасно кажал дека Зоран рекол да се јави да ја исклучат 6ката која му ги повлекла нозете. Сите пропусти наведени во обвинението, довеле до тоа да се случи кривично правниот настан и да настапи смртната последица“, се додава во завршиот збор на обвинителката.
Продолжува утре…
Катерина Додевска