Никола Јокиќ повторно беше прво име во победата на Денвер од 120-108 над Портланд, Србинот блесна во Колорадо и забележа нов моќен трипл-дабл.
Популарниот „Џокер“, мечот го заврши со 27 поени, 22 скока а подели и 12 асистенции, на кои додаде уште две бокади и една украдена топка.
Статистиката вели дека никој не е како Јокиќ во последните 50 години во НБА, Србинот има најмногу натпревари со 20+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – ЛА Клиперс 125-136
Вашингтон – Мајами 102-110
Атланта – Феникс 129-120
Индијана – Сакраменто 122-133
Хјустон – Торонто 135-106
Мемфис – Голден стејт 101-121
Минесота – Орландо 106-108
Оклахома сити – Шарлот 126-106
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113-114
Денвер – Портланд 120-108