Поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин. Невремето ги погоди и Сомбор и Суботица кои исто така имаа прекини на електричната енергија.
Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МВР спасија пет лица, од кои две деца. Меѓу нив е вработена во трафика во Нови Сад врз која падна дрво од невремето, а пожарникарите-спасувачи од Нови Сад спасија уште четири лица, меѓу кои и две деца од такси кое беше погодено од дрво.
Во Нови Сад, од невремто „одлета“ дел од покривот на Новосадски саем, а соборен е и кран на градилиштето во Детелинара, при што беа оштетени соседните згради.
И во Белград имаше пороен дожд со грмежи и силен ветер. Аеродромот Никола Тесла беше привремено затворен.