Според веста ја шта објави Мета.мк, и 6.820 лица со високо образование во земјава чекаат вработување. Во Агенцијата медиумите бил информиран дека од невработените магистри на науки, според областа во која магистрирале, најбројни се од профилот магистер на правни науки, магистер по економски науки, магистер по бизнис администрација, магистер инженер архитект, магистер по фармација, магистер по политички науки, потоа магистер по маркетинг менаџмент, магистер по психолошки науки, магистер по меѓународни односи и други профили на невработени магистри.
„Од невработените лица – доктори на наука, во евиденцијата на невработени лица евидентирани се доктор по економски науки, доктор по политички науки, доктор по информатички науки, потоа невработено лице од профилот доктор на науки по јавно здравје, доктор на науки од областа на безбедност, доктор на правни работи, доктор по филолошки науки, доктор по социјални работи и социјална политика, доктор по педагогија и други профили“, информираат оттаму.
Додека чекаат вработување, невработените лица се насочуваат да се вклучат во обуки за стекнување на дополнителни знаења и вештини, а работодавачите се мотивираат да организираат обуки во своите работни простории, со нивна опрема и технологија како би ги обучиле потенцијалните кандидати за вработување согласно своите потреби.
Во минатото многу чест беше трендот на пораст на невработени лица со титули во Македонија. Така, во декември 2018 година, беше евидентиран рекорден број на невработени лица со титули, односно тогаш без работа беа 33 доктори на науки, како и 866 магистри на науки.