среда, 26 февруари 2025

Невообичаена појава: в петок ќе биде видлива „Парада на планетите“

Необичен феномен, познат како „парада на планетите“ ќе се случи на 28 февруари, кога на ноќното небо истовремено ќе бидат видливи седум планети наредени во линија, што е последен таков настан до 2040 година.

Фото: Фрипик

Објавено на

часот

Сподели

Од јануари на небото со голо око може да се видат Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, а со помош на телескоп Уран и Нептун, кои од Земјата изгледаат како да се наредени во линија.

В петок Меркур ќе им се придружи на овие небесни тела.

Од денеска до петок, повеќето планети ќе бидат видливи со голо око веднаш по зајдисонцето.

Меркур, Венера, Јупитер и Марс ќе бидат видливи со голо око, Сатурн ќе биде потешко забележлив бидејќи ќе биде ниско на хоризонтот, додека Уран и Нептун може да се видат само со телескоп, пишува Саенс алерт.

Планетарното порамнување ќе биде видливо речиси низ целиот светот вечерта на 28 февруари. Сепак, локациите како Мексико и Њујорк ќе имаат најдобра видливост на 25 февруари, додека Мумбаи, Пекинг и Сиднеј ќе имаат најдобар поглед на 3 март, според Стар вок.

Не е невообичаено неколку планети да се наоѓаат на иста страна од Сонцето во исто време, но поретко е повеќето или дури и сите планети вака да се порамнат.

Секој број на планети од три до осум претставува порамнување, а составувањето пет или шест планети е познат како големо порамнување.

Порамнувањата на пет планети се значително почести од порамнувањата на шест, а големите порамнувања со седум планети се најретки.

Порамнување од четири или пет планети, кои се видливи со голо око, се случува на неколку години, а кон крајот на август пред изгрејсонце одеднаш ќе бидат видливи четири планети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ