сабота, 1 февруари 2025

Неверојатно промашување на Клајверт, Ливерпул со три бода си замина од Виталити (ВИДЕО)

Ливерпул со 0-2 славеше на гостувањето кај Борнмут, Мохамед Салах беше херој со два гола, а Клајверт голем трагичар откако промаши зицер за 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвените“ утре мирно ќе ги гледаат дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити откако попладнево со три бода си заминаа од гостувањето на Виталити.

Салах од пенал по половина час игра донесе 0-1, а потоа во 75. минута маестрално пласираше во аголот за 0-2 и ја потврди победата на Ливерпул.

Борнмут има за што да жали откако два пати ја погоди рамката од голот, а и Клајверт од пет метри промаши зицер за 1-1.

Евертон со 4-0 го победи Лестер, Саутемптон со 1-2 славеше на гости кај Ипсвич, а со истиот резултат Фулам триумфираше на гости кај Њукасл.

На првиот денешен натпревар, Нотингем Форест со убедливи 7-0 го совлада Брајтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ