Српскиот кошаркар го направи својот 14. трипл-дабл оваа сезона, но она што е импресивно е времето за кое го оствари овој учиок.
Јокиќ на теренот помина вкупно 29 минути, а по само 21 минута игра веќе имаше трипл-дабл. Натпреварот на крајот го заврши со 23 поени, 17 скокови и 15 асистенции. Тој стана првиот кошаркар во НБА кој за помалку од половина час успеал да постигне трипл дабл со 20+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции.
Jokić’s triple-double for the Nuggets was so efficient, it was DIZZYING 😵💫
🃏 23 PTS
🃏 17 REB
🃏 15 AST
🃏 IN 29 MINUTESIt’s the FIRST game of 20+p, 15+r, & 15+a in under 30 MIN in NBA HISTORY! pic.twitter.com/Aw1KrpVFhp
— NBA (@NBA) January 2, 2025
Јокиќ беше најефикасен во составот на Денвер, Мареј и Портер постигнаа по 21 поен. Најефикасен на мечот беше играчот на Атланта, Тре Јанг кој реализираше 30 поени, имаше и девет асистенции.
Резултати:
Детроит – Орландо 105-96
Вашингтон – Чикаго 125-107
Мајами – Њу Орлеанс 119-108
Њу Јорк – Јута 119-103
Торонто – Бруклин 130-113
Хјустон – Далас 110-99
Денвер – Атланта 139-120
Сакраменто – Филаделфија 113-107