вторник, 11 март 2025

Неверојатна ноќ: Јокиќ направи трипл-дабл каков што не е виден досега (ВИДЕО)

Денвер со 149-141 го победи Феникс, а Никола Јокиќ одигра натпревар кој ќе биде запишан во НБА историјата, српскиот кошаркар направи трипл-дабал каков што никој не успеал да направи досега.

Објавено на

часот

Сподели

Тој е првиот кошаркар во НБА кој стигнал до трипл-дабл со 30 плус поени, 20 плус скокови и 20 плус асистенции, Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен, 21 скок и 22 асистенции.

Пред него, само Расел Вестбрук и Вилт Чембрлен имале трипл дабл 20/20/20, но никој никогаш не успеал да го постигне ова што направи Јокиќ.

Покрај ова, во последните 50 дена ова е втор негов трип-дабл со 30/20/15 што исто така не му успеало на ниту еден кошаркар во историјата на НБА.

До трипл дабл против Феникс, Србинот стигна по само 20:38 минути во игра што е деветти најбрз во историјата на НБА.

Што се однесува до натпреварот, Денвер водеше и со 21 поен разлика, но си ја искомплицира ситуацијата и се најде во позиција дури и да загуби бидејќи во финишот Феникс поведе со 122-120. Натпреварот отиде во продолжение каде Денвер отвори со 7-0 и постигна вкупно 22 поена, па победата потоа не беше доведена во прашање.

Најефикасен на мечот беше Букер со 34 поени, а кај Денвер се истакна уште Гордон со 27 поени.

Резултати:

Торонто – Јута 118-109
Мајами – Минесота 104-106
Оклахома – Портланд 107-89
Денвер – Феникс 149-141
Сакраменто – Сан Антонио 127-109
ЛА Клиперс – Њујорк 105-95

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ