среда, 12 март 2025

Нетанјаху забрани влез на камиони и тешка опрема во Појасот Газа

По синоќешните консултации со своите безбедносни службеници, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не дал дозвола тешката опрема и камионите со приколки да влезат во Појасот Газа, пренесува израелскиот јавен сервис Кан.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на неименуван израелски функционер, Кан известува дека по безбедносните консултации со кои претседавал Нетанјаху, одлучено е прашањето да се разговара во наредните денови, нагласувајќи дека Израел е во целосна координација со САД, објави Тајмс оф Израел.

Според извештаите на јавниот сервис Кан, во договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците конкретно се наведува дека може да се внесат материјали и опрема во Газа за да се формираат најмалку 60.000 привремени станбени единици, иако деталите од договорот не се целосно обелоденети.

Минатата недела Хамас протестираше поради блокирањето на тешка опрема и камионите со приколки од страна на Израел да влезат во Појасот Газа.

Палестинските милитанти потсетија дека преговорите за продолжување на спроведувањето на договорите за прекин на огнот и заложниците вклучија дискусии за неколку конкретни точки, вклучително и изградба на привремено сместување и влез на опрема во окупираната палестинска енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ