Зборувајќи на почетокот на состанокот на владата во северниот пограничен град Нахарија, Нетанјаху предупреди дека Хезболах сериозно го прекршил договорот вчера, а дека Израел потоа нападнал повеќе од 20 цели во Либан за одмазда.
„Во моментов сме во примирје, и истакнувам, тоа е примирје, не крај на војната“, кажа израелскиот премиер.
„Имаме јасна цел да ги вратиме нашите жители, повторно да го населиме северот на државата. Го спроведуваме овој прекин на огнот со железна рака, дејствувајќи против секое негово кршење, помали или сериозно“, порача Нетанјаху.