Врховниот суд на Обединетите нации не нареди прекин на огнот во Газа, туку од Израел побара да преземе акција да спречи геноцид и да преземе мерки за подобрување на хуманитарната ситуација за палестинските цивили во енклавата, пишува Ројтерс.
Нетанјаху за обвинувањата за геноцид рече дека се срамота и нешто што „нема да се избрише со генерации“.
Тој посочи дека и покрај почитувањето на меѓународното право, Израел има право на самоодбрана.
„Гнасниот обид да му се ускрати на Израел ова основно право е бесрамна дискриминација на еврејската држава и тој беше праведно отфрлен“, рече Нетанјаху во врска со одлуката на Меѓународниот суд на правдата.
Но, иако одлуките на МСП се конечни и без жалба, судот нема начин да ги спроведе.
Судот во оваа фаза не донесе одлука за суштината на случајот покренат од Јужна Африка – дали се случил геноцид во Газа. Но, го призна правото на Палестинците во Газа да бидат заштитени од акти на геноцид.