„На пат сме кон убедлива победа. Таа е тука, на дофат на рака“, кажа Нетанјаху на конференција за медиумите и додаде дека предвидува дека војната ќе биде готова „за неколку месеци“, а не неколку години, пренесува Тајмс оф Израел.
Повтори дека целите на Израел во војната се „уништување на Хамас, враќање на заложниците и создавање ситуација Појасот Газа повеќе да не биде закана за Израел“.
Тој досегашното дејствување на израелската војска го нарече „достигнување без преседан“, особено фалејќи го она што Израел го постигнал против Хамас.
Најави дека, по градот Кан Јунис, фокусот на војската на Израел ќе биде на пограничниот град Рафа.
„Продолжуваме до крај. Нема друго решение освен целосна победа“, кажа Нетанјаху.