понеделник, 10 март 2025

Несреќа во Северно Море, се судрија два големи брода (ВИДЕО)

На местото се испратени спасувачки чамци и противпожарни екипи.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северно Море кај брегот на Источен Јоркшир, јавува Би-би-си.

Спасувачките чамци и противпожарните екипи се упатиле на местото на настанот, а спасувачката операција на крајбрежната стража се координира.

Во акција е и хеликоптер на крајбрежната стража.

Областа каде што се случил судирот е многу прометна поморска рута од пристаништата долж североисточниот брег на Британија до Холандија и Германија, соопштија извори од поморската индустрија. Тревогата за инцидентот, која сè уште трае, е издадена во 10 часот и 48 минути.

Според информациите на Гардијан, најмалку 32 лица се повредени во судирот на бродовите и се извлечени на брегот. Спасувачите ги донеле во крајбрежниот град Гримсби. Засега не е позната нивната состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ