На почетокот не беше јасно што ги започна немирите. Полицијата за британските медиуми потврди дека интервенирала во сообраќајна несреќа во која имало загинати и дека, кога пристигнале на местото на несреќата, таму веќе нашле трагични сцени.
„Почетокот на инцидентот беше сообраќајна несреќа во која за жал беа вклучени двајца тинејџери кои ги загубија животите. Тоа е трагедија на која полицијата присуствуваше и се обидуваше да истражи кога се случија овие настани“, изјави началникот на полицијата во Јужен Велс, Алун Мајкл за Би-би-си, опишувајќи го почетокот на немирите.
BREAKING NEWS UPDATE; This is not a very good look in Cardiff; I hope that more officers are en-route because they look outnumbered; if it doesn’t Quell them ‘Mutual Aid’ from other forces could be requested – let’s hope that this is resolved quickly!??♂️https://t.co/bGE8qNjdx0
— Norman Brennan (@NormanBrennan) May 22, 2023
„Како што разбрав, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа двајца тинејџери на велосипед или скутер и за жал загинаа. Тоа е инцидент што очигледно се истражува сам по себе. Се чини дека тоа предизвика, од нејасни причини, немири во кои беа повредени десетина полицајци“, изјави Мајкл.
Британските медиуми објавија дека демонстрантите сметале дека полицијата е одговорна за смртта на тинејџерите и дека починатите учествувале во полициска потера, спротивно на тврдењата на полицијата.
Cardiff last night pic.twitter.com/ldItqlWVXl
— kwilliam (@kwilliam111) May 23, 2023
Демонстрантите, од кои меѓу 100 и 150 се собраа на местото на несреќата, запалија автомобили и фрлаа цигли и петарди кон полицијата. Два полициски автомобили беа оштетени во нередите, а на сликите се гледа еден со скршена шофершајбна и обесени ретровизори.
Забележани се некои демонстранти како го кршат плочникот и фрлаат парчиња од него кон полицијата. Мајкл рече дека 12 полицајци биле повредени во немирите во областа Ели. По извесно време на итните служби им се придружила и интервентната полиција.
Нападнат е и еден граѓанин бидејќи дел од толпата мислеле дека се прикриени полициски службеници, изјави еден од високите службеници на местото на настанот. Запалени се најмалку два паркирани автомобили, од кои едниот откако е превртен на покривот.
Apparently #riot started in #Ely, #Cardiff tonight as two teenage boys were killed in a collision with a bus as the bike they were travelling on was being chased by police. pic.twitter.com/Pu8LF0xxY5
— HumanDilemma (@HumanDilemma_) May 23, 2023
Во вторникот наутро на улицата можеле да се видат расфрлани камења и цевки. На другите паркирани автомобили им биле искршени стаклата, додека детско седиште лежело во остатоците на патот, пишува Би-би-си.
„Изгледа дека имало гласини, и тие гласини се прошириле, за полициска потера, што не беше случај и мислам дека тоа ја илустрира брзината со која гласините можат да циркулираат со активностите што денес се одвиваат на социјалните мрежи, и дека настаните можат да излезат од контрола“.
По шпекулациите на социјалните мрежи дека полицијата учествувала во несреќата, полицијата соопшти дека несреќата „веќе се случила кога пристигнале полицајците“.
Џон Уркухарт, генерален секретар на партијата Хармонија на ОК, кој живее во областа, рече дека недостатокот на комуникација меѓу полицијата и заедницата е одговорна за ескалацијата. „Покажаа само презир кон заедницата и се однесуваа како да не заслужуваме да знаеме што се случи на нашиот сопствен праг“, рече тој.