петок, 18 октомври 2024

Неретва ја смени бојата поради поплавите, кафеава е и валкана (ВИДЕО)

Реката Неретва во Мостар ја смени бојата. Поради обилните врнежи и поплавите реката под Стариот мост во Мостар повеќе не е зелена, туку кафеава и заматена.

Фото: Електропривреда БиХ

Објавено на

часот

Сподели

Кај Грабовица, пак, пред браната на хидроцентралата, се насобрало ѓубре.

Само во хидроакумулацијата Грабовица, според проценките, се натрупало количество отпад околу 50.000 метри кубни, со континуиран прилив на нови количества.

Електростопанство на Босна и Херцеговина соопшти вчера дека со ангажирање на механизација и персонал од хидроцентралата на Неретва, и со помош на Цивилната заштита, почнало отстранувањето на последиците на дотокот на наносите, пред сè на големите количества ѓубре.

Постоел ризик поради безбедноста на објектот да се пушти отпадот да продолжи да плови кон морето, но тоа е избегнато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ