четврток, 31 октомври 2024

Нерегистриран мотор хонда удрил во мопед- три лица се повредени

Објавено на

часот

Сподели

 Вчера во 18.45 часот било пријавено дека на локален пат во с.Матејче, мотоцикл хонда без регистарски ознаки, управуван од А.Б.(19) од с.Матејче удрил во паркиран мопед баотиан со тетовски регистарски ознаки, паркиран од А.Љ.(28), а до мопедот стоел и А.Љ.(30), двајцата од с.Матејче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле А.Б. и А.Љ.(30), а со повреди се здобил и А.Љ.(28), констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информира кумановската полиција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ