среда, 18 декември 2024
Димитар Љоровски Вамваковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Непозната историја

Југословенско-грчките односи во текот на Студената војна се карактеризирале угорнини и падови –  најчесто како резултат на т.н. Македонско прашање и геополитичките превирања на двата блока во југоисточниот дел на Медитеранот.

Во 1962 година доаѓа до повторно заладување на меѓусебните односи меѓу Белград и Атина како резултат на прашањето за македонското малцинство во Грција. Поводот за затегнувањето во овој случај не биле изјавите на југословенските и македонските политичари на оваа тема, како што било во претходниот период, туку постојаното актуелизирање на ова прашање во дневниот печат во двете држави.

Повторното затоплување на односите била на иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Авероф. Министерот за надворешни работи на Југославија, Коча Поповиќ, прифатил потпишување на заедничка изјава (декември 1962 година) која станала позната како „Договор за Авероф-Поповиќ“. Договорот предвидувал избегнување на каква било активност и настан што може да ги наруши билатералните односи. Официјален Белград настојувал да не дозволи нарушување на билатерланите односи поради прашањето за македонското малцинство во Северна Грција.

Во 1964 година, поради ескалацијата на Кипарското прашање и опаснота од грчко-турска војна, владата на Јоргос Папандреу била принудена да направи отстапки за Југославија, за да може да ѝ се гарантира поддршката од Југославија. Официјален Белград ги поддржа грчките позиции за Кипарското прашање. Но, „цената“ што Грција требаше да ја „плати“ беше одржувањето толерантен однос кон секаков вид активност на етничките Македонците кои се вратиле во грчка Македонија по Граѓанската војна, врз основа на договорот за гранична комуникација.

На почетокот на февруари 1965 година, премиерот на Југославија, Петар Стамболиќ, за прв пат го подигна прашањето со грчки премиер за македонското малцинство во Грција, по барање на раководството на Скопје и т.н. егејското лоби. Папандреу одби да разговара за ова прашање.

На 12 октомври 1966 година југословенска делегација предводена од премиерот Стамболиќ ја посети Атина, по повод 22 години од ослободувањето на Атина од фашистичка окупација. Грчкиот премиер Стефанос Стефанопулос го постави „македонското прашање“ од грчка гледна точка, остро напаѓајќи ги тогашните југословенски и македонски позиции по истото. Стефанопулос ја нагласил потребата јасно да се разликува грчка Македонија од Федеративната Социјалистичка Република Македонија и етничките Македонци од грчките Македонци. Тој нагласил дека Македонците кои живеат слободно во Југославија имаат право да ги бараат корените на својата националност, но во никој случај не можат да ги бараат во грчка Македонија и да зборуваат за поробени Македонци во Грција кои би требало да бидат ослободени. Од своја страна, југословенската делегација на вообичаен начин одговори дека почитувањето на правата на македонското малцинство не значи покренување територијални претензии.

Во југословенската делегација, предводена од тогашниот премиер Стамболиќ, бил и Киро Глигоров, како тогашен југословенски министер за финансии.

Две карактеристики од оваа посета.

  1. На Киро Глигоров му бил доделен Големиот крст на Кралскиот орден, додека Стамболиќ од градоначалникот на Атина го добил златниот клуч на градот.
  2. Во официјалните средби, Киро Глигоров се сретнал со тогашниот грчки министер за економија и финансии, Константинос Мицотакис.

Овие двајца, неполни триесет години подоцна, на почетокот на 90-тите години од минатиот век, во нови улоги, ќе бидат главни протагонисти во наметнатиот грчки спор за името на Р. Македонија и новиот развој на т.н. Македонско прашање.

Димитар Љоровски Вамваковски

КОЛУМНИ

Чарлс Купчан Синан Улген

Обновата на Сирија по падот на Асад

Мурат Алиу

Македонија меѓу идентитетот и опстанокот

Ристо Цицонков

Топлински пумпи – развој и разни можности за греење на просториите

Рајко Пеколски

Не ја бива!

Кристина Пота Радуловиќ

Што е она што можам да го направам сега?

Љубомир Николовски

Коби Брајант: стремеж кон совршенство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ