Цел на ревизијата била да се добие разумно уверување за тоа дали финансиските извештаи земени како целина се ослободени од материјално погрешни прикажувања. Ревизорите утврдиле слабости во објавените конкурси за финансирање на проекти, неажурна евиденција на доделените проекти во сите фази на реализација и непреземени мерки за раскинување на доделените договори кај проекти кај кои е утврдено непочитување на одредбите од договорите.
Во Агенцијата за филм нема контролeн механизaм и усогласувања за потврдување на целосноста на издадените решенија, за следење на нивната наплата и непреземени активности за обезбедување информации од продуцентите за вкупно остварени приходи од дистрибуција, експлоатација и продажба на филмот во Македонија и во странство, утврдиле ревизорите.
Според нив во Агенцијата за филм не се преземале мерки за раскинување на доделените договори кај проекти кај кои е утврдено непочитување на одредбите од договорите; утврдени се недостатоци во приложената документација од страна на продуцентските куќи предвидена со договорите за финансирање на проекти во филмската дејност, распоредување на трошоците на несоодветни ставки предвидени со финансискиот план и наменско користење на средствата, се вели во извештајот на ДЗР за работата на Агенцијата за филм во 2021 година.