вторник, 22 октомври 2024
Одлука по поднесената пријава од Левица

Нема кривична одговорност кај Максути за несревисираните канадери во 2021, утврди ОЈО ГОКК

Нема кривична одговорност кај Беким Максути, поранешниот прв човек на Дирекцијата за заштита и спасува за несервисираните ер трактори во периодот од 2021 година. Ваков е ставот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по поднесената кривична пријава од Левица за тоа што леталата за гаснење на пожар не можеа да се користат за време на големите пожари во летото пред три години. Во тој период изгореа 450 илјади кубни метри шума. Канадерите или ер тракторите се потребни во исклучително тешките и стрмни терени каде што избувнуваат пожари, а каде не се оди ниту пеш, ниту со возила, туку единствено место од каде може да му се спротивставите на огнот е небото.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството собрало докази, но не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите.

„Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки“, велат од ОЈО ГОКК за поднесената кривична пријава од Левица.

Во однос на евентуално постоење на кривичното дело несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело.

„Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува“ велат од Обвинителството во однос на пријавата за наводното несовесно работење на Максути.

Летово кога во земјава повторно има пожари ер тракторите беа сервисирани, но немаше пилоти, па двајцата пилоти кои заминаа во пензија со одлука на Влада беа повторно ангажирани со договор на дело.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ