четврток, 26 септември 2024

Нема да има средба на Трамп и Зеленски во Америка

Средбата која се очекуваше, меѓу поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и украинскиот лидер Володимир Зеленски, има многу мали шанси да се одржи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател денес го одржа говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации, а потоа ќе одржи билатерални средби со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

Трамп минатата недела изјави дека веројатно ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД. Но службеник на изборниот штаб на Трамп потврдил за Политико дека не е закажан состанок.

Украинскиот претседател во неделата посети фабрика за муниција во Скрантон, во Пенсилванија, клучна сојузна држава за американските избори. Ден подоцна Трамп на собир во Пенсилванија го обвини Зеленски дека „многу силно сака демократската кандидатка Камала Харис да победи на изборите“ и го опиша како „најголемиот продавач во историјата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ