На местото на пожарот набрзо пристигнал еден тим пожарникари со противпожарно возило и било спречено огнот да се прошири и врз дрвја, но и врз бројни објекти, поради што постоела опасност да бидат зафатени и тераси од згради.
Според очевидци со кои МКД.мк разговараше, луѓето кои тука живеат уште се вознемирени од настанот. Се сомневаат дека звучните шок бомби, какви што слични користи полицијата за време на насилни протести, биле фрлени од неодговорни млади лица кои избегале.
Тие се сомневаат дека можеби станува за истите групи тинејџери кои неодамна го кршеа инвентарот на парковите во Капиштец, при што беа уништени бројни справи за игра на мали деца, клупи, патеки, канти за ѓубре и слично. Поради овие немили настани и поплаките од граѓаните, но и од самата Општина Центар како сопственик на инвентарот, полицијата започна со ноќни патроли и дневно обезбедување на местата каде се случувале овие инциденти.
Вистинското прашање е како се набавени овие бомби и дали некој ќе одговара за тоа како и за настанатата штета.
П.Џ.