сабота, 1 февруари 2025

Нејмар не ги задржа солзите пред полниот стадион: Се расплака на претставувањето во Сантос (ВИДЕО)

Бразилецот Нејмар вчера и официјално се врати во редовите на бразилскиот Сантос и беше претставен на стадионот каде што ја започна кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

Нејмар го прекина договорот со саудискиот Ал Хилал и одлучи да се врати во неговата татковина.

Стадионот на неговото претставување беше исполнет речиси до последното место, а атмосферата која ја направија навивачите го расплака бразилскиот ас.

Кариерата Нејмар ја започна во Сантос, а во 2013 година се пресели во Барселона со која освои се што можеше да се освои, по што следуваше трансфер во ПСЖ за 222 милиони евра. Со таа сума Нејмар се уште е најплатен фудбалер во историјата.

Во Ал Хилал иако доби договор од 100 милиони евра годишно сепак не покажа ништо и одигра само седум натпревари во кои постигна еден гол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ