Нејмар во јануари го раскина богатиот договор со Ал Хилал и се врати во Сантош, клубот каде ја започна кариерата.
Работите веднаш почнаа да се движат во позитивна насока, напаѓачот влезе во ритам и ги тресеше противничките мрежи.
Сепак, тој не беше во комбинација за пресметката против Коринтијанс во полуфиналето на шампионатот Паулиста.
„Сакав да бидам на теренот и да им помогнам на соиграчите, но минатата недела почувствував неугодност и тоа ме спречи да играм. Утрово направивме нови тестови и нема промена на ситуацијата, проблемот се уште постои. За жал, ова е дел од фудбалот“ – напиша Нејмар на социјалните мрежи.
Интересно, новата повреда (прва по враќањето на Сантош) доѓа непосредно пред роденденот на неговата сестра.
Во овој период од годината, Нејмар редовно е повреден или суспендиран 10 години, па многумина се сомневаат дека се е во ред со Бразилецот и тој само го има „вирусот наречен Рафаела Сантош“.