понеделник, 3 февруари 2025
Изречена е и забрана за вршење на дејност

Негователката која им даваше електронски цигари на деца во градинка доби условна казна

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка, злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата.

Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.

„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара“ информира од МВР во октомври 2023 кога беше откриен овој настан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ