Шефот на вашингтонската служба за вонредни ситуации Џон Донели ги наброи и им се заблагодари на агенциите вклучени во операцијата за пребарување и спасување за нивната работа.
Сепак, тој рече дека и покрај напорите на овие групи, тие сега се префрлаат од операција за спасување во операција за извлекување тела.
„Не веруваме дека има преживеани од оваа несреќа“, рече тој.
Шеесет и четири лица биле во авионот на Американ ерлајнс и три во воениот хеликоптер кога се судриле во близина на националниот аеродром Роналд Реган.
Донели додаде дека неговите тимови извлекле 28 тела од авионот и едно од хеликоптерот и дека ветрот предизвикал остатоците од леталата да се распрснат во радиус од 1,5 километар.
Донели рече дека синоќа во 20:48 часот по локално време контролната кула го огласила алармот што ги предупредува одговорните лица за пад на авион. Многу брзо овој повик ескалирал и одговорните го сфатиле обемот на несреќата и испратиле 300 луѓе на местото.