Овие врнежи, како што соопштуваат од Центарот на управување со кризи, се очекува да предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава, но во речните корита се уште има доволно простор за примање на овие количини на вода и засега не постои опасност од појава на поплави.
„Денешните врнежи ќе придонесат за наполнување на подземните резерви со вода и прихранување на земјата со влага, што отсуствуваше во изминатиот период, како и за подобрување на состојбата со природните езера и вештачките акумулации низ земјава“, велат од ЦУК.