Како што наведе, за гласале 218 пратеници, а потребни биле 226 гласа.
„Украинскиот парламент ја истакнува потребата да се почитува принципот на институционален континуитет на власта предвиден со законите на Украина, особено во контекст на правниот режим на вонредната состојба, а се напоменува дека претседателот на Украина Володимир Зеленски мора да ги врши своите овластувања сè додека новоизбран претседател на Украина не стапи на должност во согласност со Уставот на Украина“, ја цитира Железњак резолуцијата.
Претседателскиот мандат на Зеленски истече на 20 мај минатата година. Претседателските избори во Украина во 2024 година беа откажани поради прогласената вонредна состојба и општата мобилизација.
Украинскиот лидер оцени дека сега не е време за гласање, но се понуди да ја напушти функцијата доколку тоа е неопходно за мир во Украина или во замена за членство во НАТО.