петок, 18 октомври 2024

Навални: Веќе 100 дена пред ќелијата ми го пуштаат истиот Путинов говор

Објавено на

часот

Сподели

Одбележувајќи го 100-тиот ден од почетокот на пуштањето на говорот на Путин, Навални објави дека му било кажано дека ќе мора да го слуша говорот во текот на цела 2023 година.

„Кога Путин ќе го одржи своето следно годишно обраќање, ќе почнат да ни го пуштаат“, рече тој. Во овогодинешното обраќање пред Федералното собрание во Москва, Путин рече дека „специјалната воена операција“, како што Русија ја нарекува војната во Украина, била спроведена со цел „да се елиминира заканата што ја претставува неонацистичкиот режим“.

Во таа прилика Путин нагласи дека Русија направила „сѐ што можела“ за да ги реши разликите „по мирен пат“ и го обвини Западот дека ја подготвува Украина за „голема војна“ снабдувајќи ја со оружје. Навални моментално отслужува вкупно 11 и пол години затвор, но се соочува и со нови обвиненија за создавање екстремистичка организација.

Доколку биде прогласен за виновен во новиот случај што се води против него, може да биде осуден на затворска казна до 30 години. Откако беше затворен во казнената колонија со високо обезбедување во Мелехово, Навални почна да поставува бизарни барања до руските затворски управители, кои подоцна беа одбиени.

Така побарал да му се достави кенгур, стол за масажа и шише алкохол. Навални првпат беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во Русија од Германија, каде што се опоравуваше од труење со нервен агенс. Тој се разболи на лет за Москва, а подоцна било откриено дека бил отруен со новичок за време на предизборното патување во Сибир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ