Научниците откриле два врва што ги надминале планините како Еверест и К1.
Истражувачите од Универзитетот во Утрехт во Холандија во една студија откриле дека постојат два колосални врвови кои достигнуваат висина од близу 1.000 километри. Можат да се најдат на 2.000 километри под Земјината кора, научниците велат дека се стари најмалку половина милијарда години.
Се претпоставува дека овие два врва би можеле да бидат значаен дел од нашата историја која според науката датира од пред четири милијарди години, пренесува Ладбајбл.
И покрај теоријата дека тие се планини, водечкиот научник д-р Арвен Деус објасни: „Никој не знае што се тие и дали се само привремен феномен или постојат милиони, а можеби дури и милијарди години“.
Еден врв се наоѓа под Африка, додека другиот се наоѓа под Тихиот Океан.
„Исто така, тие се опкружени со масивни тектонски плочи кои биле донесени таму со процес наречен субдукција, каде што една тектонска плоча е повлечена под друга плоча и тоне по целиот пат од површината на Земјата до длабочина од речиси три илјади километри“, објаснува Деус.