среда, 23 октомври 2024

Научна фундираност на стратешките цели, средба на Стоилковиќ со претставници на Институтот за социолошки истражувања

Размена на искуства и создавање поволна клима за остварување соработка меѓу Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Министерството за односи меѓу заедниците со цел да се даде научна фундираност на стратешките цели и приоритети на министерството и унапредување на неговата работа и планирани активности. Ова беа темите на разговорот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ со проф. д-р Бојана Наумовска, директорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и проф. д-р Петар Атанасов, раководител на Социолошкото одделение во Институтот.

Објавено на

часот

Сподели

Соговорниците на средбата изразија задоволство од остварените контакти и пројавените иницијативи за продлабочување на соработката, која има перспективи да се развива на различни нивоа и во повеќе аспекти, а со единствена цел – реализација на капитални проекти, соопшти Министерството за односи меѓу заедниците.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ