Сарџоска ќе настапи со песни објавени во италијанското издание на поетската книга „Крстна коска“ кај издавачот „Интерно Поезија“, а своите песни ќе ги чита на македонски јазик. Поетската манифестација се одржува во големиот Аудиториум Кончилијационе во близина на Базиликата Свети Петар, а ќе биде во целост покриен од италијанската радио-телевизија „РАИ Култура“ и е под покровителство на Фондационе Рома.
Сарџоска е прва македонска поетеса поканета на овој свечен меѓународен поетски фестивал кој оваа година се одржува по шеснаесетти пат и на кој ќе учествуваат поети од Италија, Шпанија, САД, Кина, Аргентина, Иран, Велика Британија, Шведска, Естонија и Грција.
Фото: МИА од архивата на поетесата