среда, 22 јануари 2025

Настинка: Што треба да јадете, што да избегнувате

Зимските месеци носат зголемен ризик од настинки, прилагодувањето на исхраната може да ни помогне да останеме здрави или побрзо да закрепнеме.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањата покажуваат дека пилешката супа го чисти затнатиот нос подобро од другите топли течности. Исто така, има противвоспалително дејство што може да помогне при симптоми на настинка.

За да избегнеме настинки, потребно е да внесуваме многу витамин Ц.

Вистина е дека можеби нема да ја спречи настинката кај повеќето луѓе, но може да помогне доколку често сте во контакт со болни лица.Земањето витамин Ц пред да се појават симптомите може да го забрза закрепнувањето и да направи да се чувствуваме подобро. Портокалите, лимоните и лиметите се одлични извори на витамин Ц, пренесува Веб МД.

Кељот, брокулата, брусницата, зелениот чај, црвениот кромид и боровинките содржат антиоксидант кверцетин, кој може да помогне во борбата против настинките.

Топлиот чај направен од свеж ѓумбир може да биде совршен сојузник во борбата против настинката. Ефикасно ја ублажува назалната конгестија и го смирува воспаленото грло.

Лекарите веруваат дека лукот содржи соединенија кои можат да помогнат во борбата против настинката, иако се потребни повеќе истражувања. Без оглед на тоа, не е лошо да го додадете во некое јадење.

Важно е да се внесуваат доволно хранливи материи, а кофеинот и алкохолот можат да доведат до дехидрација. Се препорачува да ги избегнувате за време на настинка. Ако не можете без утринската доза кафе, ограничете се на мала шолја или изберете благ чај со малку кофеин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ