среда, 25 декември 2024

Настел го намалува уделот во Реплек, а директорот на компанијата го зголемува

Компанијата Настел на бизнисменот Зоран Азманов го намалува својот акционерски процент во фармацевтската компанија „Реплек“. Акциите ги купува првиот човек на „Реплек“, Душан Пецовски.

Објавено на

часот

Сподели

Со последната продажба на дури 3.357 акции на Реплек, Настел сега поседува 6,89 отсто од акционерскиот капитал. Првиот човек на Реплек, Душан Пецовски, ги зајакнува сопственичките позиции во компанијата. Азманов вели дека сака да продолжи со инвестициите во градежниот бизнис.

„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува дека акционерот со над 5 отсто Душан Пецовски, воедно претседател на Управниот одбор и генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 5 нови акции, со што поседува вкупно 31.620 или 12,20 отсто од вкупниот број на акции. Акционерот, пак, со над 5 отсто односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 3.357 акции, со што поседува вкупно 17.866 или 6,89 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ