Пред нешто повеќе од еден месец, истражувачите од американската вселенска агенција НАСА открија нов астероид. Карпата од 60 метри моментално е оддалечена 43 милиони километри од Земјата, но многу брзо се приближува до неа.
Затоа НАСА го стави на врвот на листата на астероиди кои би можеле да удрат на површината на Земјата овој век.
Според истражувањето на центарот НАСА НЕО, астероидот наречен ИР4 има малку повеќе од еден отсто шанси да удри во Земјата. Астрономите посветуваат големо внимание на ова.
„Тоа е еден од веројатните судири на астероид со оваа големина досега“, велат научниците.
Ако астероидот е направен од карпест материјал, може да создаде таканаречен воздушен удар кога ќе влезе во атмосферата на Земјата – односно би експлодирал пред да удри во земјата. Ако астероидот е претежно од железо, тој би патувал низ атмосферата, би удрил во земјата и би создал кратер од ударот.
Астероидите кои се потенцијално опасни за Земјата се вообичаени, но само во ретки случаи тие претставуваат вистинска закана за планетата. Овој астероид не е доволно голем за да претставува глобална закана, но може да предизвика локално уништување при удар.
Доколку дојде до судир, НЕО центарот проценува дека тој би се случил на 22 декември 2032 година.
Центарот, исто така, проценува дека астероидот ќе ослободи осум мегатони енергија при удар, што е повеќе од 500 пати повеќе од енергијата ослободена од нуклеарната бомба во Хирошима во 1945 година.
Брзината и масата на астероидот ИР4 може да се променат додека патува низ вселената. Научниците велат дека е можно астероидот да стане помала закана додека се приближува до Земјата. Но, исто така, можно е да стане поопасен додека кружи околу планетата.