Како што информираат од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата Македонија 19, спроти Спомен куќата на Мајка Тереза.
„Исто така, на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица 034-329-996, Кичево 045-228-586, Тетово 044-344-082, Битола 047-242-310, Штип 032-389-701 и во Куманово 031-431-488“, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.
Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните во остварување на нивното загарантирано избирачко право.