„Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски повици, е-пошта или СМС од сомнителни адреси или телефонски броеви во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или ако од вас се бара откривање на личните податоци, не започнувајте комуникација во којашто ќе ги дадете вашите лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка“, се вели во соопштението.
Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од луѓе за кои се сомневаат дека лажно се претставуваат во име на Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса – [email protected].