Монца имаше одличен почеток на мечот, поведе со гол на Ѓуриѓ уште во деветата минута. Тој резултат беше актуелен и на полувремето.
По десет минути игра во вториот дел следуваше блицкриг на Наполи кој траеше шест минути, за тој период дадоа дури три гола. Осимен, Политано и Зиелински погодија за водство на Наполи од 3-1.
Во 62. минута Коплани даде гол за 3-2, но во 62. минута Распадори реализираше за конечна победа од 4-2.