Лацио по втор пат во три дена се радува на победа над Наполи, „бјанкочелестите“ во четвртокот славеа со 3-1 во Купот на Италија, а денеска со минимални 0-1 триумфираа во Серија А.
Моментот кој вечерва го одлучи исходот на натпреварот се случи во 79. минута, Нослин испрати одлична топка во фор, Исаксен се ослободи од својот чувар, прекрасно пласираше од работ на шеснаесетникот за 0-1 и го замолкна „Диего Марадона“.
Со овој пораз, Наполи се „лизна“ на втората позицијата на табелата и врвот и го препушти на Аталанта.
🚨🇮🇹 GOAL | Napoli 0-1 Lazio | Isaksen
NAPOLI HAVE GONE BEHIND!pic.twitter.com/F5zfjiLuAa
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 8, 2024