Новинарот на радиото „Кис Кис“, Карло Алвино, откри дека се уште актуелниот шампион официјално склучил договор за продажба на својот голгетер, без да открие кој е купувачот.
ПСЖ и Челси беа најзаинтересирани за услугите на 25-годишниот голгетер и за очекување е еден од тие два клуба да биде следната дестинација за Нигериецот.
Осимен во сезонава не игра на исто ниво како лани, кога на Наполи му ја донесе титулата. Една од причините за тоа се повредите, со оглед дека во актуелното првенство настапи на само 17 натпревари и постигна 13 гола.