Наполи ќе се бори за нов трофеј во Суперкупот на Италија, избраниците на Валтер Мацари вечерва со 3-0 ја совладаа Фиорентина.
Резутатот беше отворен во 22. минута, Жесус испрати убава топка во фор а Симеоне ја затресе мрежата на својот поранешен клуб за 1-0.
Победникот беше решен во финишот, младиот Зербин имаше луди пет минути. Напаѓачот влезе во игра во 81. минута, и во 84. минута одлично се снајде по еден корнер и погоди за 2-0 и својот гол првенц во дресот на Наполи.
При постигнување на голот, доби удар во главата, па на кратко мораше да го напушти теренот, а кога се врати, украде една топка на својата половина, сам тргна во напад и реализираше за 3-0 и нова радост.